Кошаркарите на Минесота направија чудесен пресврт во завршницата, со кој го совладаа лидерот во Западната конференција, тимот на Оклахома, со 131:128 по продолжение.
На средината од третата четвртина, домашните водеа со 25 поени (82:57), на крајот од тој период имаа уште големи +22 (102:80). На четири минути до крајот, при резултат 121:105, изгледаше дека е завршен мечот, но гостите не го мислеа тоа и со серија од 16:0 дојдоа до израмнување (121:121).
Кон крајот на продолжението, при водство на Минесота од 129:128, Гилгеус-Александер се проби до кошот, но беше блокиран од Ентони Едвардс. Никеил Александар-Вокер потоа ги погоди двете слободни фрлања за 131:128, а Гилгеус-Александер го круниса својот лош финиш, промашувајќи тројка за второ продолжение.