Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека директната поддршка за производителите ќе се реализира според предвидената динамика. – Наше ветување и обврска е субвенциите да се исплаќаат во согласност со календарот. Тоа значи, за сите лозари кои ги чекаат субвенциите, утре, на Денот на лозарите ќе почне исплатата – истакна Трипуновски.

Тој истакна дека субвенциите за тутунот ќе бидат платени по завршувањето на откупот на тутунот. Министерот потсети и дека завчера е објавен и новиот ИПАРД-повик кој ќе трае до 29 март

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, по средбата со земјоделците во Битола, најави дека утре, на празникот Свети Трифун, ќе почне исплатата на субвенциите за лозарите. Тој рече дека директната поддршка за производителите ќе се реализира според предвидената динамика.

– Наше ветување и обврска е субвенциите да се исплаќаат во согласност со календарот. Тоа значи, за сите лозари кои ги чекаат субвенциите, денеска, на денот на лозарите ќе почне исплатата – истакна Трипуновски.

Министерот потсети и дека вчера е објавен и новиот ИПАРД-повик, кој ќе трае до 29 март.

– Од понеделник со Платежната и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе почнеме промоција на мерката. Ќе ја посетиме секоја рурална општина во рамки на инфо-деновите и ќе ги презентираме потребните информации. За секој што нема да успее да присуствува ќе се обидеме на максимално располагање да бидат и нашите подрачните единици. Интенцијата е максимално искористување на расположливите над седум милиони евра – потенцира министерот. Тој истакна дека субвенциите за тутунот ќе бидат платени по завршувањето на откупот на тутунот.

На средбата со земјоделците и сточарите од Пелагонискиот Регион, на кој присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Кољановски, освен за субвенционирањето се разговараше за актуелните состојби во сите земјоделски и сточарски гранки, како и за актуелните политики за регионот. Градоначалникот Тони Коњановски пред присутните  ја потенцираше поддршката од локалната самоуправа кон населението од руралните средини, пред сè во областа на инфраструктурата и административното работење, во согласност со Стратегијата за локален економски развој на општина Битола.

Министерот Трипуновски се осврна и на распределбата на земјоделското земјиште во Пелагонискиот Регион, како и за заложбата на зголемувањето на сточниот фонд.

– Јас додека сум министер ќе има правична распределба на земјоделско земјиште, ќе завршува во рацете на вистинските земјоделци. Изминатиот период се поведе една сериозна акција во делот на злоупотребата на земјоделското земјиште. Се раскинаа и неколку договори, се ослободија над 2.000 хектари земјоделско земјиште кое што беше злоупотребувано од претходната власт – рече Трипуновски.

Тој истакна дека во првите месеци од неговиот мандат биле поделени 967 договори за распределба на земјоделско земјиште.

– Во моментов тече Јавен повик, којшто се работи, во кој ќе биде ставено сето преостанато земјоделско земјиште кое што се наоѓа ширум Република Македонија. Државното земјиште ќе биде ставено во функција кај вистинските земјоделци – дециден е министерот Трипуновски.

ИЗДВОЕНИ