Мегаскандал го тресе НБА-тимот Лос Анџелес лејкерс, каде што во главна улога се најде кошаркарот што добива шанса од клупата. Станува збор за центарот Џексон Хејс, против кого НБА повторно отвори истрага за инцидентот што се случи во 2021 година.
Имено, познатиот американски медиум ТЗМ“ во саботата објави видео од расправијата меѓу Хејс и неговата девојка.
- Како резултат на медиумскиот извештај и објавеното видео, повторно ја отвораме нашата истрага – истакна ПР на НБА-лигата, Мајк Бас.
Хејс беше член на Њу Орлеанс пеликанс во моментот на инцидентот со девојката Софија Џамора.
BREAKING: A domestic disturbance involving Jaxson Hayes from 2021 is being revisited by the NBA League office after TMZ release new video footage.
Hayes was seen spitting on a woman after she accused him of hitting her.
Thoughts? pic.twitter.com/LWILqk8Xx1
— Courtside Buzz (@CourtsideBuzzX) November 3, 2024
На видеото се гледа како ја влече Џамора од вратата и се слуша како вреска таа. Во продолжение ви го приложуваме целиот транскрипт од расправијата.
Софија Јамора (во натамошниот текст С.Ј.): Застани! Пушти ме!
Џексон Хејс (во натамошниот текст J.H.): По ѓаволите, што не е во ред со тебе?
(Напуштање на резиденцијата и продолжување со расправијата надвор.)
С.Ј: Нема да дозволам повеќе да ме удираш! По ѓаволите, како ти изгледам?! Како вреќа за удирање?!
По тоа, Хејс се оддалечува од неа, но набрзо се врти и плука во нејзина насока.
Полицискиот оддел реагираше на сето ова и Хејс беше уапсен истата вечер.
Во јуни 2022 година, тој беше осуден на три години условна казна и на 450 часа општокорисна работа. Посетуваше и неделна настава за семејно насилство, цела година.
НБА никогаш не започна сопствена истрага, а сега, три години подоцна, по објавувањето на видеото, одлучи да го направи тоа.
За оваа истрага зборуваше и тренерот на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, кој застана пред клубот и јасно кажа дека ќе соработуваат со лигата.
- Свесни сме за сè. Очигледно, истрагата е повторно отворена и ќе соработуваме со лигата. Освен тоа, јас навистина не би коментирал ништо – истакна Редик.