Лоши вести за македонските гледачи: Ќе се укинуваат турските ТВ-серии:13 нема да бидат емитувани!

83

„Кога лисјата паѓаат“, „Сулејман Величествениот“, „Шехерезада од 1001 ноќ“, „Златниот кафез“… се само некои  турски хит ТВ-серии кои сосема ја освоија ТВ-публиката во Македонија, а и речиси во сите поранешни југословенски републики. Голем број многу згодни актерки, но и актери од нивните серии, станаа светски ѕвезди. Турските серии со години ги освојуваат срцата на публиката со своите емотивни приказни, љубовни скандали, семејни тажни интриги и лоши или добри пресврти. Во некои од тие серии глумеа и нашите актери, сетете се на легендарната Сабина Ајрула во „Сулејман Величествениот“, а некои од нив имаат потекло од овие македонски простори.

Во меѓувреме економската криза и падот на приходите од рекламите создадоа сериозни проблеми во врска со понатамошното снимање на овие серии. И покрај гледаноста, новите 13 серии ќе се збогуваат со емитувањето на ТВ-екранот. Финансиските буџети се мали, а многу нови главно гламурозни продукции не можеа да се реализираат.

Телевизиската индустрија на сериите, според турските медиуми е во сериозна криза. За кусо време, парите од реклами во изминатата 2024 година паднале за повеќе од половина.

Само осум ТВ-серии кои стигнаа до финалето почнаа да се прикажуваат, но не се знае до кога? Останатите пет треба да бидат завршени во втората сезона. Тоа е многу малку, со оглед дека хонорарите на главните актери се мошне дебели. Со тие пари го живеат животот во целосен луксуз. Но повеќе нема да биде така, бидејќи разгалените актери за мали пари нема да ги прифаќаат улогите. На пример, втората сезона од серијата „Диво срце“, требаше да има финале, но поради одлука на RTÜK не се емитуваше. Последната епизода од серијата беше одложена.

Телевизиските куќи почнаа и да ги губат гледачите. Рејтингот на гледаноста на нивните програми е страшно загрижувачки. Доколку нешто наскоро не се смени на подобро, голем број газди на телевизиите размислуваат и за нивното затворање. Велат, дека телевизијата е скапа играчка, а слатки пари од турските серии – овие ТВ новели, веќе ги немаат.  Д.М. foto>arhiva-FB-Instagram

 

 

ИЗДВОЕНИ