
Обединетото Кралство ја разгледува можноста да испрати мигранти на кои им е одбиен азил во балканските земји – Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори во британската влада.
„Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил може да бидат испратени во миграциските центри во земјите од Западен Балкан и други трети земји“, наведува весникот.
Изворите на весникот велат дека Лондон планира за ова да разговара со претставници на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Како што истакнуваат извори, исклучена е можноста за испраќање мигранти во Руанда, иако претходната британска влада размислувала да испрати илегални мигранти во таа африканска земја.
Британскиот премиер Кир Стармер е заинтересиран за соработка со други европски земји кои планираат да отворат миграциски центри во трети земји, пишува „Тајмс“. Лондон има намера да им плати на земјите кои ги примаат за секој поединечен мигрант, пренесува Танјуг