Британската престолнина повеќе не е еден од петте најбогати градови во светот, откако минатата година изгуби поголем процент милионери од кој било друг град во светот освен Москва, објави денеска „Тајмс“.
Годишниот извештај за глобалното богатство вели дека Лондон изгубил 11.300 милионери минатата година, од кои 18 со најмалку 100 милиони долари и двајца милијардери.
Студијата, спроведена од New World Wealth за консултантската фирма Henley & Partners, го дефинира богатството како средства што може да се инвестираат во ликвидност, што значи готовина, обврзници и акции, но го исклучува имотното богатство.