Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат по две години брак. Лопез поднесе барање за развод во вторникот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи до кој дојде Би-Би-Си.
Двојката, која таблоидите ја нарекоа „Бенифер“, се венчаа во Лас Вегас во јули 2022 година и одржаа голема свадбена церемонија и забава во Џорџија следниот месец.
Нивната романса започна откако се запознаа на снимањето на филмот Gigli во 2003 година. Тие планираа да се венчаат таа година, но ја прекинаа врската на почетокот на 2004 година.
Речиси две децении подоцна, тие ја обновија врската.
„Љубовта е убава. Љубовта е прекрасна. И излегува дека љубовта е трпелива, била трпелива 20 години“, изјави Лопез во 2022 година, најавувајќи ја венчавката во Лас Вегас.
Според медиумите, Лопез, која го променила презимето во Афлек, во барањето за развод не соопштила никакви детали за предбрачниот договор.
Документот поднесен во Врховниот суд во Лос Анџелес, исто така, наведува дека Лопез (55) и Афлек (52) мора да споделуваат финансиски информации, вклучувајќи ги нивните тековни приходи, расходи, средства и долгови.
Во документот се додава дека и двајцата се обврзани да обелоденат какви било промени во сопствените финансии додека не се постигне конечен договор за сите финансиски прашања.
Судот и даде на Џенифер Лопез 60 дена да поднесе финансиски извештај, а Афлек ќе има уште 60 дена да го стори истото откако ќе ги достави информациите.
Ben Affleck smiles again as he reunites with ex Jennifer Garner for major family milestone but Jennifer Lopez is absent amid marriage misery https://t.co/mOpq8fMunp
— Daily Mail Australia (@DailyMailAU) August 18, 2024
Со месеци се шпекулираше за несогласувања во нивниот брак.
Тие, наводно, ја ставиле својата куќа на Беверли Хилс на продажба за 65 милиони долари, а честопати биле видени одделно во јавност без бурми.
Афлек, двократен добитник на Оскар, претходно беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, која ја запозна на снимањето на Перл Харбор во 2001 година.
Тие се разделија во 2015 година по една деценија брак и имаат три деца.
Лопез беше мажена четири пати, прво со келнерот роден во Куба, Ојани Ноа од 1997-1998 година; потоа за Крис Џад од нејзината поранешна танцова група, од 2001-03; и пејачот Марк Ентони, со кој имаше близнаци, од 2004-14 година.
Ова беше нејзин четврти брак.