Изборната комисија на Венецуела објави дека Мадуро е победник на изборите

411
Фото: EPA-EFE/RONALD PENA R.

Претседателот на Националната изборна комисија на Венецуела, Елвис Аморос изјави дека врз основа на речиси 97 отсто од преброените гласови, актуелниот претседател Николас Мадуро победил на претседателските избори.

Тој освои 51,95 отсто од гласовите, а неговиот ривал Едмундо Гонзалес 43,18 отсто од гласовите, покажуваат податоците на изборната комисија, а пренесува Ројтерс.

Соединетите Американски Држави (САД) го признаа Едмунд Гонзалес за победник на претседателските избори во Венецуела.

Инаку, изборната комисија објави дека Мадуро, кој е на власт од 2013 година, победи на претседателските избори во јули со поддршка од 51 отсто од гласачите.

Опозицијата, сепак, нагласи дека нивното пребројување на 90 отсто од избирачките места покажало дека Гонзалес добил повеќе од двојно поголема поддршка во споредба со Мадуро.

Тие ги објавија резултатите од пребројувањето, додека надлежните не споделија други информации освен бројот на гласови што ги добил секој кандидат.

Претседателските избори во Венецуела се одржаа на 28 јули, а изборната комисија го прогласи Мадуро за победник, додека опозицијата тврди дека врз основа на преброените 90 отсто од гласовите нејзиниот кандидат освоил двојно повеќе.

Спорните изборни резултати предизвикаа бран протести низ целата земја.