Ниту литванскиот репрезентативец Ажуолас Тубелис не остана имун на одличната партија на Ненад Димитријевиќ, кој за помалку од 30 минути на теренот постигна 43 поени, запишувајќи и шест асистенции и четири скока. Сепак, Македонија не успеа да излезе непоразена од овој дуел.
- Според планот за игра, знаевме дека нивниот играч од Евролигата, од Армани (Димитријевиќ), ќе постигне многу поени, но дека нема сам да го добие натпреварот. Дадовме сè од себе да го запреме, но тој е фантастичен играч, фантастичен креатор и наоѓаше начини да постигне поени. За жал, се повреди, но, сепак, најдовме слаби точки во нивната одбрана, кои ги искористивме за голема победа – изјави Литванецот Тубелис.