„Липосукција во чаша“: Напивка што помага во забрзување на метаболизмот и подобрување на вараењето на храната

38
Фото:пекселс

Многу луѓе имаат за цел да ослабат, поради што често се популарни разни трикови кои помагаат во согорувањето на мастите, а многумина тврдат дека овој природен напиток направен со само три состојки помага во забрзување на метаболизмот и подобрување на варењето.

Се нарекува и „липосукција во шолја“, а еве за што всушност се работи.

Потребни состојки:

  • Зелен чај
  • Стапче од цимет
  • Ловоров лист

Подготовка:

Сварете 800 мл вода, па тргнете го тенџерето од оган и во водата додадете стапче цимет, четири ловорови листови и една лажица зелен чај.

Оставете го да отстои 15 минути, а потоа процедете и вашиот пијалок е готов.

Најдобро е да се пие три пати на ден. Една шолја по будењето, на празен стомак, втората веднаш по појадокот, а третата пред спиење, пренесува Крстарица.

Овој пијалок заедно со изборот на здрава храна може да помогне и во забрзаното топење на масните наслаги, пренесува Story.hr.

ИЗДВОЕНИ