Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз” во Липково

62

Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН вчера на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.

„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона,  со техника позната како „бугарски воз”. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена”, рече Лимани.

Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата