EPA-EFE/BRIAN SPURLOCK

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, плејмејкерот на Милвоки, Демијан Лилард, размислува да се пресели во Европа. Во интервју за американските медиуми изјави дека се прашувал како ќе изгледа неговата игра во Евролигата.

  • Тоа е нешто за што разговарав со некои членови на семејството во последните две години, но навистина не сум размислувал за тоа сериозно. Што ако би играл за тим во Евролигата, само за тоа искуство на крајот од кариерата? Но, тоа не е нешто за што сериозно размислував. Никогаш не се знае, истакна Лилард.

Лилард е во лигата од сезоната 2012/2013, помина 11 години во Портланд пред да се пресели во Милвоки. Во кариерата имаше просек од 24,8 поени, 4,4 скока и 7,3 асистенции.

Со оглед на богатата кариера и квалитетите што ги поседува, факт е дека му недостасува само уште прстен во НБА лигата, па токму затоа се пресели во Милвоки, тим со големи амбиции оваа сезона.

ИЗДВОЕНИ