– Нашата Мајка Кралица наполни 80 години. И нема доволно зборови со кои би можеле да ја изразиме нашата бескрајна љубов и благодарност што токму таа е наша мајка. За сè што нè научи, за советите, за тоните несебична љубов, за сите зачувани тајни, за тоа што беше наш панцир… Два животи да живееме, не можеме да ти се оддолжиме, иако никогаш не го бараше тоа од нас. Ти недостигаше твојата Маце, ама ја вклучивме на „Вибер“, па бевме комплетни.
Те сакаме, мама и да ни живееш уште доооолго, дооолго. Роденденскиот фотоалбум нека се полни со нови фотографии од уште многу родендени исполнети со насмевки, прегратки, торти и спомени за навек – вака емотивно напиша нашата популарна водителка Лила Стојановска во описот на фотографиите со кои ѝ го честиташе јубилејниот роденден на својата многу сакана мајка.
Лила, нејзиниот син Филип и другите членови на најтесното семејство се собраа за да го прослават 80. роденден на мајката и баба, при што и внуците ги дувнаа славеничките свеќички.
Со одбрани нежни зборови, Лила објасни дека титулата мајка се пишува со голема буква М.
– Тоа е дама што ја живее деветтата деценија од животот и е тука за своите најсакани. Најсреќна сум што сè уште физички ја имам покрај мене. Д.М.