Објектот на „Бриколаж“ во скопска Керамидница е целосно урнат. Деновиве, градежни машини го расчистуваат градежниот шут, а просторот се оградува за да почне изградбата на новиот маркет на германската компанија „Лидл“, која, пред неколку години, донесе одлука да инвестира во Македонија.

„Лидл“ е веќе присутен во Македонија, гради голем регионален дистрибутивен центар во Куманово, а, освен во Скопје, треба да отвори маркет и во околината на Битола.

Инаку, „Лидл“ е најголемиот европски синџир супермаркети, присутен е во 30 земји во Европа и во САД. Во Македонија, „Лидл“ ќе инвестира 80 милиони евра и треба да вработи над 150 луѓе.