Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до нивно истекување

18

Личните карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното истекување, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Личните карти важат со датумот на истекување. Нема потреба да се менуваат. За личните карти не важи правилото за возачките и за пасошите. Не треба македонските граѓани да бидат кабает поради неодговорното однесување на македонските политичари во минатото“, рече Тошковски.

Министерот појасни и дека огромен број од возачките дозволи се веќе заменети со новото уставно име.

ИЗДВОЕНИ