EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, со душа ги брои последните денови поминати во Мерцедес, бидејќи имаше уште еден разочарувачки викенд, овој пат на трката за Големата награда на Бразил.

Британецот беше 11. во спринтот и 10. на официјалната трка во неделата и се закани дека тоа би можело да биде неговата последна трка во сезоната, иако остануваат уште три до крајот.

Со оглед на тоа што следната сезона се сели во Ферари, можно е ова да му беше последното возење за Мерцедес.

  • Ова беше хорор-викенд! Ова е најлошиот болид досега. Сепак, благодарам за напорите. Одлична работа на момците во питстопот. Ако ова е последниот пат кога возам, штета што не беше одлично, но јас сум ви благодарен – истакна Хамилтон.