Луис Хамилтон имаше фуриозен старт на трката за ГН на САД, но неочекуваните проблеми со болидот го претворија неговиот викенд во фрустрација. По трката, Британецот откри што всушност се случило.

Веќе на почетокот на трката, Хамилтон го покажа својот вообичаен ентузијазам, но проблемите со болидот доведоа до неочекувани тешкотии.

  • Имав одличен почеток. Многу брзо стигнав до 12. место и тоа само по два круга, изјави Хамилтон за Ф1ТВ.

Сепак, набрзо се појавија проблеми и Хамилтон откри дека бил фокусиран на зачувување на гумите, но неговиот болид почнал да покажува знаци на нестабилност.

  • Не возев максимално, ниту го бркав болидот. Се обидував да ги контролирам гумите, но болидот почна да скока. Го губев балансот на задниот дел од болидот, ова беше фрустрирачки за мене, објасни Хамилтон.