Поранешниот шеф на тимот на Хас во Формула 1, а сега стручен консултант, Гентер Штајнер, смета дека Луис Хамилтон веќе е најдобар на сите времиња во тој спорт и дека доколку освои уште една титула, ќе заврши во Ватикан.

  • Тој веќе е ГОАТ (најдобар на сите времиња). Освои седум титули. Што друго треба да прави? Ако освои осма титула за Ферари, тој човек ќе заврши во Ватикан – истакна Штајнер во поткастот „Beyod the Grid“.

Штајнер потоа коментираше за врската помеѓу Хамилтон и Фред Васер во Ферари.

  • Верувам дека магијата доаѓа со тој болид, и тој е многу блиску до Васер. Луис и Фред многу добро се познаваат, заедно имаат освоено многу во јуниорските категории од Формула, многу се координирани и сакаат заедно да постигнат одличен резултат, а доколку успеат да го направат тоа, би било доста добро за нив – додаде Штајнер.