EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Овој викенд, Луис Хамилтон ќе има единствена можност да го вози болидот на легендарниот Аиртон Сена, мекларен МП4-5Б, на патеката „Интерлагос“. Иако тоа беше специјална демонстрација во чест на 30-годишнината од смртта на Сена, Хамилтон е разочаран што протече оваа информација во јавноста и што не се држеше изненадувањето во тајност.

Денес, сабота, Хамилтон ќе го вози болидот на Сена по спринтерската трка и квалификациите, како почит кон овој великан, кој трагично го загуби животот пред 30 години додека ја возеше Големата награда на Сан Марино, во 1994 година. Ова ќе биде втор пат за Хамилтон да го вози Формула 1 болидот на Сена, мекларен, откако го тестираше легендарниот MP4-4 во ТВ-сегментот од Top Gear, со Џереми Кларк, во 2010 година.

  • Никогаш не мислев дека ќе имам можност да го возам болидот на Сена тука. Подготвив кацига, неговата кацига за мене, но не знам дали ќе ја искористиме тука. Оригиналната идеја беше да е изненадување. Ги имам белиот комбинезон и неговата кацига, требаше да излезам, да направам круг и да изгледа како да е таму. Но, некако излезе, едноставно е невозможно да се чуваат некои работи во тајност – истакна разочараниот Хамилтон.

ИЗДВОЕНИ