EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Луис Хамилтон в недела, на 8 декември, во Абу Даби, ќе го има својот 246. и последен старт за тимот на Мерцедес. Од следната сезона, тој ќе вози за тимот на Ферари во Формула 1.

По 12 години, 84 победи и шест титули, трофејниот Британец е во опасност да се прости од Мерцедес со негативен рекорд. Моментално е седми во шампионатот со 211 бода, дури 24 помалку од својот тимски колега, Џорџ Расел.

Ако не победи на патеката „Емирати“, тоа ќе биде негов најлош пласман во Формула 1 шампионатот откако е дел од него. Досега најлош пласман му беше шестото место во 2022 година, додека во 2009 година беше петти.

ИЗДВОЕНИ