ДО 31 АВГУСТ: Летен режим на сообраќај за тешките товарни возила

336

На државните патишта во земјава, до 31 август ќе има летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешките товарни возила со вкупна маса над 15 тони, во текот на викендите и во деновите при екстремно високи температури. Забраната се однесува за следните термини: петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

На магистралниот пат А2-делница Скопје – Охрид – Скопје е забрането движењето на тешките товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони, во текот на викендите, и тоа во петок од 15 до 22 часот, во сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.