И покрај домашните обврски, односно обврските со Кошаркарската федерација, претседателот Перо Антиќ честопати знае да „тркне“ до Белград за да ја бодри Црвена звезда на евролигашките натпревари.
Поранешниот македонски репрезентативец пред неколку дена беше во „Арена“, каде што во живо го гледаше натпреварот од 15. коло во Евролига меѓу Звезда и Олимпијакос, два тима за кои своевремено настапување во играчките денови.
Дресот на Црвена звезда го носеше во два наврати, прво од 2005 до 2007 година, а потоа имаше кам-бек и во сезоната 2017/18, каде воедно ја заврши кариерата. За Олимпијакос, пак, играше од 2011 до 2013 година, кога со овој тим двапати ја освои Евролига.
Инаку, Антиќ беше во друштво на неколку убавици меѓу кои и неговата девојка Сања Ристиќ, а воедно доби и дрес од Звезда со бројот 12 под кој настапуваше во последната сезона од кариерата.