Лепа Брена води исклучителна сметка за своето здравје. Најпотресна беше во времето на короната кога самата таа си направи вистински карантин, немајќи контакт апсолутно со никој. Изолирана според своите процени остана две години!
Ако на работа скршите нога, рака или не дај боже глава, знајте дека поради повредата и ќе заработите. Народот на ова би кажал, среќа во несреќа. Но, дали е токму така и токму за сите? Како за кого! За повредата која ја имаше на своето работно место мегапопуларната пејачка музичката ѕвезда Лепа Брена кон средината на декември минатата година на концертот во Загреб кога ептен го скрши зглобот, таа одлично си ја наплати полисата за осигурување во вредноста на 30.000 евра.
Општо познато е дека Лепа Брена води исклучителна сметка за своето здравје. Најпотресна беше во времето на короната кога самата таа си направи вистински карантин немајќи контакт апсолутно со никој. Изолирана според своите процени остана две години. Издржа, но вели дека само така остана жива.
А, тие непријатни изненадувања кај Лепа Брена по прашање на здравјето се прилично чести, поради што пејачката има некој тип на фобија. Во минатото на концертите често се повредувала, но не ги наплаќала повредите, па сега ја научи лекцијата, како да заработи и кога не е во ситуација да работи. Всушност, таа редовно го плаќа осигурувањето. Мината година си плати премија од 1.000 евра, а за сериозната повреда во Загреб, на итрата пејачка ѝ беа рефундирани 30.000 евра.
Благодарение на осигурувањето од незгодите од тој тип, на Лепа Брена воедно ѝ биле покриени сите трошоци поврзани и со медицинската помош. И тие трошоци се големи. За да ја залечи повредата поради која можеше дури и да остане без стапалото, но и да си ги доведе нозете до совршенство, Лепа Брена замина на едномесечна терапија на егзотичниот Тајланд. Таму со помош на старите проверени медицински методи ќе биде како да има нов зглоб на ногата. Така да учете од Лепа Брена. Се разбира само ако се повредите на работа. Д.М.