Популарната пејачка Лепа Брена синоќа на третиот концерт од серијата во загрепската Арена доживеа несреќа кога го скрши скочниот зглоб.
Регионалните медиуми од утрово известуваат за здравствената состојба на музичката ѕвезда, а меѓу другото се огласи и Лепа Брена на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Драги мои… Животот нè потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да го задржиме во срцето и да се сеќаваме на сè убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè брзо поминува. Но, исто така не потсетува дека убавите моменти секогаш доаѓаат повторно и повторно“, напиша Брена во својата објава на Инстаграм и продолжи:
„За жал, синоќа на еден од незаборавните моменти на концертот, на половина концерт се случи несреќа кога снимателот (движејќи се наназад) падна врз мене и како последица од тој пад ја скршив ногата. Не сакав да застанам, но за љубов на сите вас во Арената, јас продолжив да пеам.
И покрај повредата со која се здоби, Брена се заблагодари на својата публика за магичната вечер, споделувајќи слика од преполната Арена.
Брена иако беше повредена, таа на сцената го издржа целиот концерт.
Во еден момент седнала на стол и ги изведувала своите најголеми хитови, а потоа повторно станала и никој не можел ни да претпостави дека пред тоа имала несреќа.
Во зглобот и се вметнати завртки и ќе мора да мирува десет дена, пишува Вечерњи.хр.
Состојбата и е стабилна и се чувствува добро, но, со оглед на процесот на опоравување, а по препорака на лекарот, одложени се најавените концерти кои требаше да се одржат денеска, 10 декември и 16 овој месец, во Арена Загреб.
Инаку, ова не е прв пат да и се случат сериозни повреди на пејачката во Загреб. Имено, Брена пред десет години во Хрватска ги скршила двете раце.