Лепа Брена испрати порака од болница: Не сакав да престанам, пеев за љубовта на сите вас/ВИДЕО

922

Пејачката Лепа Брена се огласи на Инстаграм откако го скрши зглобот на синоќешниот концерт во Арена Загреб.

Драги мои… Животот нè потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да го задржиме во срцето и да се сеќаваме на сè убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè брзо поминува. Но, исто така не потсетува дека убавите моменти секогаш доаѓаат повторно и повторно“, напиша Брена во својата објава на Инстаграм и продолжи:

„За жал, синоќа на еден од незаборавните моменти на концертот, на половина концерт се случи несреќа кога снимателот (движејќи се наназад) падна врз мене и како последица од тој пад ја скршив ногата. Не сакав да застанам, но за љубов на сите вас во Арената, јас продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце.

Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Вашата Брена“, порача таа и на своето „стори“ на Инстаграм ја додаде и песната „Боли ме уво за све“ која ја објави веднаш по концертот синоќа, пред да се знае што се случило.

Несреќата се случила непосредно пред да ја изведе песната „Пази коме завидиш“, што значи дека Брена во болка испеала уште 23 песни, односно 19 во редовниот период на концертот и уште четири на бис. Тоа е околу час и половина пеење, пишуваат регионалните медиуми.

ИЗДВОЕНИ