Познатиот актер Леонардо ди Каприо вети 1 милион долари за жртвите од разорните пожари во Лос Анџелес. Филмската ѕвезда во средата на социјалните мрежи објави дека парите ќе ги донира преку неговата организација Re:wild.
„Пожарите во Лос Анџелес го уништуваат нашиот град“, напиша Ди Каприо, кој беше жестоко критикуван од многу обожаватели затоа што „избега“ од Лос Анџелес со приватен авион. Програмата за брз одговор на оваа организација е специјално дизајнирана за справување со еколошки катастрофи и итни случаи.
Првичната помош, објави TMZ, е наменета за Фондацијата за противпожарна служба во Лос Анџелес, за Калифорниската противпожарна фондација, како и за Светската централна кујна, за хуманото општество во Пасадена и за организацијата SoCal Fire Fund.
Како што објави истиот извор, „со оглед на тоа што Лос Анџелес е родниот град на актерот, неговата донација од 1 милион долари за помош од шумските пожари е длабоко личен и значаен гест“.
Ди Каприо, кој најголемиот дел од својот живот го помина во Малибу, е само една од многуте познати личности кои донирале пари за жртвите од пожарот кој однесе 24 животи.
Leonardo DiCaprio Commits $1M for Wildfire Relief https://t.co/goGLbJx8j0
— The Hollywood Reporter (@THR) January 15, 2025
Меѓу првите што реагираа беа Бијонсе (2,5 милиони долари), Парис Хилтон (100.000 долари) и собра уште 800.000 долари), Ева Лонгорија (50.000 милиони долари) и вети уште 50.000 милиони долари) , Арнолд Шварценегер (10.000 долари)…
Што се однесува до компаниите, Дизни донираше 15 милиони долари, Ворнер Брос Дискавери исто така додели 15 милиони долари за помош, додека Амазон, Комкаст и Нетфликс доделија по 10 милиони долари, а Сони вети дополнителни пет милиони долари.
„Парамаунт Глобал“ и „Фокс Корп“ додадоа 1 милион долари, а „Јутјуб“ и „Гугл“ објавија дека компаниите издвоиле 15 милиони долари.