EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Каваи Ленард, летово го помина одморот далеку од гужвите, фотографите и вниманието на јавноста. На социјалните мрежи беа објавени негови фотографии од Костарика, каде што тој очигледно ужива да живее неколку дена како нормален човек. Облечен во облека која не открива дека човекот заработил 280 милиони долари од кошарката, дека е двократен шампион во НБА… Сепак, успеа да го направи она што му се допаѓа, пиејќи кокосова вода на улица, далеку од сите…

Откако една од фотографиите на социјалните мрежи дојде до јавноста, веднаш започнаа да се слеваат коментари, а еден особено боде во очи: „Каваи, зошто личиш на бездомник?“.

Следната недела тој ќе го заврши одморот, бидејќи репрезентативците на САД ќе се соберат во Лас Вегас за да ги започнат подготовките за Олимписките игри, каде што ќе го одиграат првиот натпревар во Лил, против селекцијата на Србија. Долго време имаше сомнежи за доаѓањето на Ленард, бидејќи тој пропушти 12 од последните 14 натпревари на Лос Анџелес Клиперс поради воспаление на коленото.

  • Очекуваме сите да бидат таму, не само Леонард, туку и Тајрис Халибартон и Џоел Ембид, кои имаа проблеми со повредите. Бевме во контакт со сите играчи, постојано разговараме со нив и планираме да ги имаме сите 12 подготвени, изјави селекторот на САД, Стив Кер.

Репрезентацијата на САД веднаш ќе почне да игра подготвителни натпревари – прво со Канада на 10 јули, потоа во Абу Даби против Србија и Австралија.

Првиот натпревар на олимпискиот турнир во Лил ќе се одигра на 28 јули меѓу Србија и САД, а во групата е уште и Јужен Судан, како и селекцијата која ќе дојде од квалификациските турнири кои се играат деновиве.