EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Новата сезона во Формула 1 наскоро почнува, па затоа, поголемиот број возачи деновиве ги истакнаа своите очекувања за 2025. Така, Шарл Леклер во интервју за „racingnews365“ откри како се променил „менталитетот“ во Ферари во текот на минатата Формула 1 сезона. Оваа промена може да биде клучна во борбата за титулата во 2025 година, а Леклер е убеден дека тимот сега работи посолидно од кога било претходно.

Од Ферари, по уште една пропуштена шанса, веруваат дека можат да дојдат до далеку подобри резултати оваа сезона. Тимот од Маранело заврши на второто место во шампионатот за конструктори, пред Ред Бул Рејсинг, што е добар знак за големиот напредок.

Леклер, кој сега има нов тимски колега во Луис Хамилтон, истакнува дека 2025 година е моментот кога Ферари би можел да стави крај на својата 17-годишна суша кога е во прашање титулата. Сепак, тој не може да биде сигурен дека е дојден тој момент, бидејќи останува да се види каков е развојот на другите тимови, како Ред Бул и Мекларен.

  • Формула 1 е релативен спорт, а ние можеме само да знаеме што правиме. Верувам дека правиме сè како што треба во овој момент, а како тим сме многу посилни, изјави 26-годишниот Леклер.

Тој исто така нагласува дека не зборувал за техничките аспекти на тимот, туку дека е јасно дека сите елементи се поврзани со тимскиот успех.

Леклер смета дека Ферари би можел да биде конкурентен во 2025 година, но сè зависи од напредокот на другите тимови, што е тешко да се предвиди.

  • Тешко е да се каже нешто на таа тема. Ние само се фокусираме на себе и се обидуваме да ја завршиме најдобрата можна работа, додаде Моначанецот.

Леклер, исто така, размислуваше за емотивната врска во Ферари, која одигра клучна улога во неговиот развој. Тој смета дека менталитетот во тимот доживеал позитивна промена во однос на минатата сезона, бидејќи успесите и неуспесите сега се поизбалансирани, а тимот станал емотивно постабилен.

  • Ја задржавме страста во тимот, но станавме помалку емоционално погодени, што е многу позитивно, објасни Леклер.

Тој верува дека ова е клучен чекор напред бидејќи иако Ферари има огромна страст за нивната работа, таа емоционална приврзаност честопати претходно доведувала до голема фрустрација кога работите не оделе како што сакале.

  • Поради страста што е присутна во Ферари, луѓето беа многу погодени од негативните резултати во минатото. Сепак, сега имаме подобра рамнотежа – сè уште имаме страст, но помалку сме погодени од она што се случува, додава возачот на Ферари.

ИЗДВОЕНИ