Српскиот ММА борец, Александар „Џокер“ Илиќ, тврди дека за малку ќе умрел во соблекувалната по натпреварот против Миран Фабјан, бидејќи имал сериозни здравствени проблеми.
Илиќ минатиот месец во Загреб беше поразен од Миран Фабјан со нокаут во втората рунда. Сло Роки доминантно стигна до триумфот, а популарниот Џокер тврди дека на овој меч влегол со одредени проблеми со срцето. Не се чувствувал добро и тоа го чинел пораз во борбата.
- И вие морални влекачи (фановите кои го плукаат) кои коментирате. Само ќе ви кажам, јас не си дадов углед и популарност, туку вие. Нормално, имам огромна поддршка од луѓето кои видоа дека не е нешто во ред со мене во текот на самиот меч. Па затоа, најдобро е да се откажам затоа што вие сте искомплексирани го*на. Ќе се видиме кога ќе дојдете на ред, изјави Илиќ со снимки на срцето.
Илиќ тврди дека не бара изговори за поразот. Тој сака почит бидејќи не дозволил да се откаже борбата и покрај проблемите, а ги опиша и драматичните моменти кои се случија во соблекувалната.
- Ништо не треба да се одземе од победата бидејќи тоа не е негова вина. Победата е заслужена. Но, не се цени што никогаш не го откажав натпреварот и ви приредив такво шоу заедно со него и другите борци. За време на натпреварот паднав сам, кога се фрлив наназад на грб, не знаев за себе, не од ударот. Кога не умрев во соблекувалната по мечот, сè ќе преживеам. Лекарите цел час се бореа да ме оживеат и не беше шега. Фабјан не можеше да ме нокаутира, човекот е потежок, поголем, посилен. ФНЦ, дајте ми реванш во Белград затоа што заслужив да имам поголеми мадиња од сите луѓе кои одамна ќе го откажаа мечот, порача Џокер.
Триесет и шестгодишниот српски борец има биланс од 15 победи и седум порази во својата ММА кариера, а враќањето го најавува во мај во Белград.