Лекарите од Општата болница Студеница во Краљево ќе поднесат пријава до Етичкиот комитет на Лекарската комора на Србија (ЛКС) против лицата кои дозволиле српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за здравство Златибор Лончар и бројни новинарски екипи да влезат на Одделението за интензивна нега на УКЦС за кај повредените пациенти од Кочани на 17 март.
Во исто време, овие лекари апелираат до директорот на Универзитетската детска клиника во Тиршова, Синиша Дучиќ, да ги укине суспензиите на началникот на Одделот за неонатологија, кардиологот Дејан Паниќ, кој заедно со своите колеги е фотографиран како држи транспарент: „Нема Чаци нема интензивна нега, кога ќе не види подобро да бега“, алудирајќи на споменатиот случај кога Вучиќ беше во посета на настраданите од пожарот во Кочани.
„Пријавата против оние кои му овозможија на претседателот на Србија да ја искористи нивната несреќа за политички маркетинг, загрозувајќи го здравјето и животот на пациентите, ја потпишаа десет лекари. Апелираме членовите на Етичкиот одбор на ЛКС да ја спасат трошчакта чест на медицинските работници и да го вратат здравствениот сиетм во законски рамки. Апел упатуваме и до директорот на Тиршова веднаш да ги укине незаконските суспензии и да не подлегнуваат на политичките притисоци. Политичарите се пролазни, а струката и образот е за цел живот“, вели Раде Паниќ, анестезиолог во Општата болница Студеница во Краљево и член на Управниот одбор на Сојузот на лекари и фармацевти на Србија.