Лекарите секогаш ги додаваат овие два зачини – за здравјето се вистинско богатство и треба секогаш да ги имате дома!
Лекарите Паула Дејдон, Џоана Вејн и Гретен Сан Мигел открија за списанието „Ши фајндс“ два суперзачини кои би требало да ги има во секоја куја – тие не само што му додаваат дополнителен вкус на секое јадење, туку се и исклучително корисни за здравјето. Станува збор за ѓумбирот и куркумата.
Ѓумбирот е зачин број еден без поговор. Освен тоа што има препознатлива арома, со своите антивоспалителни својства, ѓумбирот не е само вкусен додаток на јадењата, туку е и моќно оружје против воспалителните процеси и стареењето на организмот.
Зачинот на второто не помалку важно место е куркумата која има моќни антивоспалителни својства благодарение на активното соедиение, куркумин, кој е сеопфатно проучуван поради својата способност да ги менува воспалителните патишта во телото. Значи, не заборавајте да додавате куркума во секое јадење за да го подобрите своето здраје и да го освежите вкусот на своите оброци.