Лекар од Вевчани без продолжена лиценца повеќе од две години работел во Општата Болница во Охрид со што ја оштетил Јавната здравствена установа.
СВР Охрид денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против М.Р.(44) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
– Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа. Истовремено, тој примал редовен месечен надоместок за плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа, стои во соопштението на СВР Охрид.