Неименуван лекар од Берлин за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, соопшти денеска берлинското државно правобранителство, објави хрватски Индекс.
Претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку петнаесет пациенти во периодот од 2021 до 2024 година“, соопшти Државното правобранителство. Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата.
Осомничениот лекар е во истражен притвор од август минатата година, првично обвинет за убиство на четворица пациенти. Во текот на истрагата и прегледот на досиејата на пациентите, инспекторите дојдоа до нови заклучоци. По ексхумацијата и обдукцијата на натамошни починати пациенти, достигната е сегашната бројка од 15 смртни случаи. Повеќето од нив не биле во завршна фаза на умирање.
Инспекторите му влегле во трага на лекарот откако медицинскиот персонал на починатите пациенти укажал на чудни околности. Се испостави дека 40-годишен лекар запалил три стана на убиени пациенти за да ги скрие доказите за убиството.
Инспекторите првично го истражувале подметнувањето пожар како причина за смртта, но во текот на истрагата им го привлекол лекарот кој го посетил, а по обдукцијата било утврдено дека пациентите починале од смртоносна комбинација на лекови.