Познатиот американски менаџер, Џеф Шварц, објави дека неговиот клиент Марк Вилијамс требало да ги помине медицинските прегледи кај Лос Анџелес Лејкерс и дека згрешиле кога го „бутнале“ на тестовите.
- Со големо задоволство, по консултации со повеќе национално признати лекари, беше утврдено дека Лос Анџелес Лејкерс не требаше да го „бутне“ Марк Вилијамс на медицинските прегледи. Тој беше подготвен и способен да игра за нив и требаше да му се даде таа можност, истакна Шварц.
На овој начин, тој го отстрани секој сомнеж дали Марк Вилијамс ќе може слободно да се занимава со спорт сега и во блиска иднина. Сигурно, овие зборови ќе привлечат големо внимание, и поради тоа кој ги кажал и поради фактот што Лејкерси ги изненадија сите со тоа што го вратија во Шарлот.
Марк Вилијамс исто така испрати порака слична на онаа на Шварц, тврдејќи дека е сигурен дека не паднал на тестовите.