Марк Вилијамс нема да им се приклучи на Лејкерси. Тимот од Лос Анџелес го откажа трејдот во „минута до 12“, откако центарот не ги поминал лекарските прегледи и поради тоа е донесена одлука за повлекување на трејдот. Тоа значи дека во тимот ќе се вратат Кем Редиш и Далтон Кнехт и ќе мора на други начини да најдат засилување во составот.
Кога беше завршен трејдот, кој го донесе Лука Дончиќ во Калифорнија и го испрати Ентони Дејвис во Далас, генералниот директор на тимот Роб Пелинка веднаш почна да бара нов центар. Беше јасно дека на Лејкерси им требаат засилувања во составот ако сакаат да имаат какви било шанси да конкурираат за титулата. Одлуката падна на Вилијамс и беше направен трејд со Шарлот. Штом тоа се случи, многумина беа скептични, бидејќи Вилијамс има историја на повреди и често беше надвор од теренот.
Очигледно токму тоа го виде и лекарскиот тим на Лејкерс, кои го прегледале и очигледно го известиле клубот дека не е во добра состојба. После сето тоа се огласија и Хорнетс, неговиот старо-нов тим.
- Возбудени сме што можеме да му посакаме добредојде на Марк во нашата организација. Бидејќи многу тимови го бараат, донесовме одлука да го ослободиме, иако секогаш сме го почитувале неговиот талент, работната етика и карактерот. Среќни сме што го вративме во нашиот тим и како наш стартен центар, неговото враќање ќе го зајакне нашиот тим и со нетрпение го очекуваме влијанието што ќе го има врз нас и на теренот и надвор од него, изјавија од Шарлот.
Лејкерси сега ќе мора да гледаат на слободните агенти на пазарот и да се надеваат дека некој од центрите ќе добие отказ или дека ќе дојде до откуп на договорот.