EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Откако пропадна нејзината размена за Марк Вилијамс, екипата на Лос Анџелес лејкерс побара нов центар на пазарот на слободни агенти, наоѓајќи го во 31-годишниот Украинец Алексеј Лен. Тој ги мина изминатите три и пол години во Сакраменто, како трет центар, а оваа сезона, на 36 настапи, во просек постигнуваше по 1,4 поени и 1,8 скока.

На последниот ден од рокот за размена, „кралевите“ го разменија Лен со Вашингтон, раскинувајќи му го договорот и дозволувајќи му да потпише за нов клуб, за минимална плата.

НБА-кариерата на Лен траеше 12 сезони, кои ги помина во Феникс, Атланта, Сакраменто, Торонто и во Вашингтон, пред да се врати во Кингси, во летото 2021 година. На 680 натпревари, тој имаше просек од 6,7 поени и 5,3 скока.

ИЗДВОЕНИ