Лејди Гага запеа на улиците на Париз: Среќните станаа дел од историјата/ВИДЕО

177
EPA EFERONALD WITTEK

Лејди Гага на среќниците кои се најдоа на париските улици им даде неколку минути за паметење. Таа деновиве престојува во Франција, како специјална гостинка на Олимписките игри.

Кога се појавила на улица, пред хотелот во кој престојувала, обожавателите ја поздравиле со аплауз и овации.

Сепак, веројатно немале поим дека ќе слушнат премиерно дел од песната, која ќе се најде на нејзиниот седми албум.

Со нетрпение се очекува излегувањето на „LG7“.

Лејди Гага била изненадена од реакцијата, па решила да им возврати.

Многу сум трогната од француските навивачи“, изјави Лејди Гага.

Таа накратко испеа дел од нумерата, а остатокот од светот ќе мора да почека.

Новиот албум ќе биде нејзин прв издавачки потфат по 2020 година.