Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил паднал на допинг-тест во 1996 година, бидејќи му бил пронајден кокаин во крвта!

Имено, на Олимпијадата во Атланта, во финалето, кога САД ја победија Југославија со 95:69, а О’Нил за пет минути на теренот постигна два поена.

Што му се случило навистина, објасни самиот кошаркар.

  • Ни беше кажано да не јадеме ништо пред тестот и бевме принудени да стоиме во ред три-четири часа. Видов мафини од афион и ги изедов. Потоа еден член на тимот влезе во собата и ми рече: „Другар, разочаран сум“. Тестот ми беше позитивен на кокаин. Мислев: „Чекај, чекај, чекај. Мајка ми ќе ме убие. Никогаш не сум направил вакво нешто“ – се сеќава О’Нил.

Легендарниот центар бил шокиран, како и сите во репрезентацијата на САД.

  • Потоа беа направени дополнителни тестови и беше откриено дека мафините со афион ги содржат истите деривати како кокаинот – додава Шек.

Следувале извинувања и пораки.

  • Ти велат да не го земаш ова, ова и ова. Но, она што не е на списокот со забранети супстанции може да биде дериват на она што не може да се земе. Така може да ги уништите работите – заврши О‘Нил.

ИЗДВОЕНИ