Легендарниот хеви метал бенд Блек Сабат повторно се обединува по 20 години

16
Фото:EPA/PAUL BUCK

Оригиналната постава на легендарниот хеви метал бенд „Блек Сабат“ ќе настапи на концерт во Бирмингем, Англија, ова лето за прв пат по 20 години, објавија организаторите во средата.

Тие се пионери на хеви металот од раните 1970-ти, познати по нивните хитови „War Pigs“, „Paranoid“ и „Iron Man“.

Од нивниот последен заеднички настап во 2005 година, „Блек Сабат“  настапуваа неколку пати во различни состави, но никогаш со оригиналниот состав.

Покрај „Блек сабат“, на концертот ќе настапат и иконите на рок и хеви метал „Металика“, „Слејер“, „Пантера“ „Алис ин чејнс“ „Лемб оф год“ и „Антракс“.

Приходите од концертот „Враќање кон почетокот“ ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

ИЗДВОЕНИ