Легендарниот „Бранко Коцкица“ се онесвестил на сцена по одиграна претстава

75
Foto: Printscreen/Youtube

Бранислав Милиќевиќ, познат уште како Бранко Коцкица, денеска напладне, 8 март, учествуваше во претставата „Заспаната убавица“ во театарот „Пуж“, а се дознава дека потоа му се слошило по настапот и „колабирал“.

Од театарот „Пуж“ се огласија за „Блиц“ по веста дека на Бранка Коцкица му се слошило по настапот.

– Го измести рамото. Не знаеме како се чувствува сега, но веднаш потоа пристигна екипа на Брзата помош да му ја пружи потребната помош – изјавија за Блиц од театарот „Позориштанце пуж“.

Бранислав Милиќевиќ, попознат како Бранко Коцкица, е српски писател и актер, најпознат по улогата во детската ТВ емисија „Коцка, коцка, коцкица“.

Основач е на белградскиот театар за деца „Пуж“. Роден е на 3 април 1946 година во Земун. Оженет е со режисерката Слободанка Цаца Алексиќ.

 

ИЗДВОЕНИ