Лефков: Судот под плаштот на СДС, на Сокол наместо да му определи притвор само му одзема пасош

65

Не е чудно зошто СДС грчевито се бори за корумпираните судии и ги брани со последни сили. Тие се последниот бедем на нивната криминална империја.

Корумпираните судии кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој шетал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство.

Со што судот се убедил дека Филип Андов Сокол кој шетал опасни затвореници низ Скопје, наместо да бидат во ќелија, нема да се впушти во бегство?

Ова се истите судии кои го ослободија убиецот на Фросина, судиите кои под влијание на Наќе Ѓеоргиев и Иџет Мемети му дадоа поблага казна на Боро Марлборо, судиите кои ги чуваат криминалците од СДС. Ова се судиите кои во своите домови имаат штабови на СДС. Од ова е јасно зошто мора да има реформи во судството.

Со вакви одлуки довербата во судството ќе го пробие дното. Ќе нема ниту еден граѓанин кој ќе верува, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗДВОЕНИ