Ледена бура ја зафати Канада: Повеќе од 300.000 луѓе останаа без струја, прогласена е вонредна состојба во два града

413
EPA/STEPHEN MORRISON

Повеќе од 300.000 Канаѓани останаа без струја во делови од канадската провинција Онтарио поради ледената бура, соопшти енергетската компанија Хидро ван.

Таа најави дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде вратено на 1 април.

Метеоролозите издадоа предупредување за замрзнат дожд до понеделник наутро во Отава, како и во делови од провинциите Квебек и Онтарио.

Енергетската компанија предупреди дека постои ризик од поплави во центарот на Онтарио, пренесе АП.

Во градот Орилија, Онтарио е прогласена вонредна состојба поради невремето и замрзнатиот дожд што предизвика прекин на електричната енергија, опасни услови на патиштата и соборени дрвја и далноводи.

ИЗДВОЕНИ