Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 113:100, а натпреварот го одбележа првата ѕвезда на „езерџиите“ Леброн Џејмс. Тој стана рекордер во лигата по бројот на одиграни минути во регуларниот дел од сезоната.
На теренот мина 34 минути, вкупно 57.471 минута во кариерата со кои го престигна Карим Абдул-Џабар, кој беше рекордер со 57.446 минути.
LeBron James passes Kareem Abdul-Jabbar for most regular season minutes played
Timeless ⏳ pic.twitter.com/wXZYPTR2iv
— ESPN (@espn) December 20, 2024
Џејмс натпреварот го заврши со 19 поени, седум асистенции и шест скока.
Инаку, Леброн во февруари минатата година го собори рекордот на Абдул-Џабар од 38.387 поени, за кој со години се веруваше дека е недостижен.