Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс реши да се повлече од социјалните мрежи на неодредено време, но никому не му е јасна неговата одлука и зошто го направи тоа во овие моменти.
Најдобриот стрелец во НБА со 40.803 поени и за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња има дури 159 милиони следбеници на Инстаграм и 52,9 милиони на социјалната мрежа Х, но реши да ги напушти двата профила.
Очигледно незадоволен од пишувањето на американските медиуми се решил на овој радикален чекор.
- Засега ги напуштам социјалните мрежи, чувајте се, напиша Џејмс.
BREAKING: LeBron James has had enough of the negative media coverage and announced he is taking a social media hiatus until further notice pic.twitter.com/HCVPKMA7IW
— Ball Exclusives (@ballexclusives) November 20, 2024