EPA-EFE/ALLISON DINNER

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс и оваа сезона има шампионски амбиции, а нивната прва ѕвезда, Леброн Џејмс, се реши за радикален потег.

Имено, познатиот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски, пред неколку дена објави дека Леброн Џејмс прифатил двегодишен договор од „езерџиите“ вреден 104 милиони долари, но сега пристигнува информација дека „Кралот“ решил да си ја намали платата.

Откако НБА лигата постави нов финансиски систем и го подели на три нивоа, Леброн решил да си ја намали платата за три милиони и со тоа да ги остави Лејкерси под второто ниво. Ќе заработи помалку од максималниот договор, што не се случило повеќе од десет години, па за две години ќе инкасира 101 милион долари.

Ќе остане со загарантирана клаузула, не смее да биде трејдуван во друг клуб, а ќе може да си замине дури во втората година од договорот. Со оваа плата, Леброн ќе ослободи околу 13 милиони долари простор за плата на друг играч.

Лејкерси моментално се на третото ниво, 45.000 долари од второто место поради намалувањето на платата на Леброн Џејмс, а тоа значи дека нема да имаат „замрзнат“ пик за тргување следното лето.

Последен пат кога Леброн зел помала плата беше во 2010 година во Мајами, а со тие дополнителни 15 милиони долари се создаде супер тим кој имаше две шампионски титули и четири одиграни финалиња.