Леброн Џејмс како старее игра се подобро и подобро. Иако има 41 година, тој игра толку доминантно во НБА лигата што ретко кој може да се пофали со такви бројки. Во просек бележи по 23,6 поени, 7,6 скока и девет асистенции по натпревар.
Една од клучните причини за тоа е неговата посветена работа на физичката подготвеност, но и на тренирањето надвор од теренот, што покажува колку е професионален и фокусиран на успехот.
- Вложив многу напор во тренирање на моето тело, на рехабилитација, на исхрана… Се трудам да го одржувам телото „чисто“ во текот на кариерата, бидејќи отсекогаш сум сакал да играм долго време, или додека можам, исткна неодамна Леброн.
Своите навики ги сведе на три совети, а режимот на исхрана.
- Се трудам да јадам што е можно поздрава храна во текот на сезоната за да се опоравам од моите напори и да избегнувам вештачки засладени пијалоци и пржена храна, истакна Леброн, кој напомена дека тоа е само првиот совет.
Леброн тврди дека најмногу јаде риба во текот на сезоната, како и овошје и зеленчук. Во текот на натпреварувачката година, од септември до мај и јуни, тој главно троши јаглехидрати за да надомести за големиот број изгубени калории за време на натпреварите и тренинзите.
Исто така спие најмалку осум часа, под посебни услови. За тоа говореше неговиот тренер Мајк Мансијас.
- Џејмс спие во просторија каде што температурата е поставена на 20-21 Целзиусов степен, каде што е целосно темно и каде што нема одвлекување на вниманието како мобилен телефон или нешто слично, порача Манијас.
Инаку, оваа негова практика не е нешто непознато, бидејќи тоа своевремено го потврди и Џули Мелон, која има 30 години искуство како медицинска сестра, акушерка и експерт за спиење.
- Потребни му се две до три дневни дремки во текот на неделата и 10 до 11 часа сон во текот на ноќта за да се опорави. Кога спортистите спијат осум часа или повеќе, нивните перформанси и нивната прецизност се зголемуваат за девет проценти, изјави Џули Мелон.
Како трет совет кој го применува Леброн е грижата за менталното здравје. Леброн Џејмс секогаш нагласува дека одржувањето на менталното здравје е многу важно. -По поразот не тагувам, туку се трудам да учам од тоа искуство, изјави Леброн и објасни дека наоѓа трпение во односите со соиграчите, членовите на семејството, а пред се – дека е трпелив со себе.
Со оглед на тоа што Леброн сезонава игра по 34,9 минути по натпревар, а во НБА е од 2003 година, треба да се земе во предвид неговиот совет за долговечност и грижа за себе.
Тој има и свои правила на денот на натпреварот. Се буди околу 6:30 часот, се тушира 10 до 15 минути со ладна вода, а потоа оди на утрински тренинг со долго загревање. Потоа оди да се одмори и спие од пладне до 14 часот, по што повторно трнира и се истегнува, па има масажа и вежби за сила за да биде подготвен за почеток на мечот.