Лука Дончиќ игра сè подобро во дресот на Лос Анџелес лејкерс, поради што тимот од Калифорнија за брзо време се искачи на самиот врв од табелата во Западната конференција. Воедно, тој е и кандидат за шампионската титула во сезона обележана со една од најчудните размени на сите времиња и со доаѓањето на словенечки кошаркар. Во таа размена, познатиот Американец Ентони Дејвис беше испратен во Далас.

На натпреварот против Њујорк, тимот од Лос Анџелес ја забележа осмата победа во низа (113:109). Лејкерс го оствари триумфот по продолжението, иако заостануваше во поголемиот дел од мечот, најчесто со над 10 поени разлика. На крајот, огромна работа за Лејкерс завршија Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Гејб Винсент, кои успеаја набрзина да ја набилдаат својата статистика.

Лука Дончиќ беше најефикасен кај победничкиот тим со 32 поени, а Леброн Џејмс постигна поен помалку. Двајцата добро ги пополнија сите други колони – Словенецот имаше 12 асистенции и седум скока, а Американецот 12 скока и осум асистенции.

Резултати: Орландо – Чикаго 123:125, Атланта – Индијана 124:118, Бостон – Филаделфија 123:105, Бруклин – Голден стејт 119:121, Њу Орлеанс – Хјустон 97:109, ЛА Лејкерс – Њујорк 113:109.

ИЗДВОЕНИ