Јанис Адетокумбо и Каваи Ленард се прогласени за најдобри играчи во НБА за минатата недела. Адетокумбо имаше просек од 36 поени, 13,7 асистенции и 12,3 скока на натпревар, со одлични 63,8 проценти шут од поле и со 1,7 украдени топки и ова е 26. пат како што е избран за најдобар играч на неделата, напредувајќи на вечната листа. Тој сега го дели четвртото место со Џејмс Харден, а го „прескокна“ најголемиот НБА-играч на сите времиња, Мајкл Џордан, кој вкупно 25 пати беше играч на неделата.
Ѕвездата на Милвоки ќе има можност да стигне до второто место на оваа листа, бидејќи на второто и на третото место, Коби Брајант и Кевин Дурент по 33 пати се прогласени за играчи на неделата.
Рекордер е Леброн Џејмс со 69 „трофеи“ за играч на неделата, што во моментов изгледа недостижно.