Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, објави порака на социјалните мрежи за која американските медиуми веруваат дека е одговор на раперот Кевин Гејтс. Тој неодамна изјави дека не би го менувал местото со најдобриот стрелец во НБА на сите времиња, а потоа ја вмеша и сопругата на Леброн во одговорот.

Савана Џејмс е во брак со Леброн од декември 2013 година и е мајка на нивните три деца, синовите Брони и Брис и ќерката Жури. Гејтс ја спомена откако го виде нејзиниот израз во текот на поздравот со Леброн, опишувајќи ја како затворски управник.

  • Не ми се допаѓа како го гледа Савана Леброн. Ми се допаѓа како го гледаат белите жени – изјави раперот.

Иако не кажа што мисли точно, Леброн објави порака на „Инстаграм“, за која американските медиуми сметаат дека е негов одговор на коментарот на Гејтс.

  • Кралевите не се заморуваат со мислењето на „селјаците“. Каде потоа, моја кралице?! – напиша Леброн за фотографијата на која е заедно со Савана.

Гејтс одговори на тоа со видео.

  • Вистината боли, но лекува. Брон, те сакам! – заврши американскиот рапер.

Инаку, Леброн се бори со својот Лос Анџелес лејкерс за титулата во НБА-лигата, а прв противник во плејофот им е тимот на Минесота.

ИЗДВОЕНИ