Владата одлучи да ја ограничи маржата на 102 групи на производи или над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. Пет отсто бруто профитна маржа е утврдена на осумте прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко. Десет проценти бруто маржа е утврдена на група од 55 прехранбени производи – месо, преработки од месо, шеќер, лични производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини. Исто така, ограничена е бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигиена и тоа на свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, сапун, тоалетна хартија и слично.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, очекува дека цените на прехранбените производи ќе се намалат за околу 10 проценти. Тој се надева дека ова ќе помогне за заштита на стандардот на граѓаните и за празниците Рамазан и Велигден. Ќе има контроли, а казните се и до 20.000 евра

 

Владата не ги прифати предлозите на Трговската комора и на СДСМ и остана на првичниот предлог, а тоа е утврдување на бруто профитни маржи на групи производи во трговијата на големо и за мало.

Како што објасни заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, по завршувањето на владината седница, донесени се две одлуки и тоа: Одлука за ограничување на бруто профитната маржа во трговија на големо и на мало и Одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и на мало.

– Со цел да се заштити животниот стандард на населението, односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалаци и кај средствата за лична хигиена, Владата одлучи да ја ограничи маржата на 102 групи на производи или над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. Пет отсто бруто профитна маржа е утврдена на осумте прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко. Десет проценти бруто маржа е утврдена на група од 55 прехранбени производи – месо, преработки од месо, шеќер, лични производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини. Исто така е ограничена  бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигиена и тоа на свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, сапун, тоалетна хартија и слично – истакна Ристески.   

Анализата на Државниот инспекторат за животна средина покажал дека трговците на големо и оние на мало пресметуваат бруто профитна маржа од 20 до 25 проценти за основните производи за трговијата во мало и 20 до 50 проценти во трговијата на големо.

– Се задолжуваат сите учесници во трговијата на сите овие производи 102 на број да ги има 70 проценти присутни на рафт – истакна Ристески.

Втората одлука се однесува за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи при што, како што појасни Ристески, за највисока цена се утврдени цените што се применувале на 1 февруари 2025 година.

Тој најави дека одлуките стапуваат на сила следниот ден кога ќе бидат објавени во „Службен весник“ и ќе траат до 30 април.

– Нашите очекување дека со овие две одлуки дека цените на прехранбените производи ќе се намалат за околу 10 проценти – рече Ристески.

Тој се надева дека ова ќе помогне за заштита на стандардот на граѓаните и за празниците Рамазан и Велигден. Ќе има контроли, а казните се и до 20.000 евра.

(С.Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ